Економија, финансии, бизнис

Контакт

Децениски промашувања на ВМРО ДПМНЕ, или политичка дискредитација на економската политика на Груевски?

Децениски промашувања на ВМРО ДПМНЕ, или политичка дискредитација на економската политика на Груевски?
Премиерот Никола Груевски и оваа Влада на ВМРО ДПМНЕ ги направија катастрофалните промашувања во предвидувањата за економскиот раст на македонската економија – истакна денеска на прес-конференција потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски. - Во 2009 година, премиерот Груевски предвиде раст на македонската економија од 5,5 %. Се случи катастрофално промашување, наместо со раст, годината заврши со пад на економијата од 0,9 %. Во 2012 година, се повтори сликата. Премиерот Груевски предвиде раст на македонската економија од 4,5 %, а не само што немаше било каков раст, туку годината заврши со пад од 0,3 % – рече Јовановски. Јовановски смета дека промашувањата се прават намерно. - Промашените предвидувања се смислени лажни ветувања на ВМРО-ДПМНЕ, кога нема никакви резултати вештачки да се создава нереален оптимизам дека работите ќе одат на поарно. И секогаш ги слушаме истите муабети од власта. Ако не сега, работите ќе станеле подобри во втората половина на годината. Ако не годинава, тогаш наредната година. И така во круг, до бескрај – истакна Јовановски. Тој рече дека лажните очекувања што ВМРО-ДПМНЕ со години ги создава, имаат висока цена којашто ја плаќаат граѓаните. - Којзнае колку мали фирми и граѓани минатата година влегле во некаква инвестиција и зеле кредит од банка затоа што му поверувале на премиерот Груевски дека македонската економија ќе се раздвижи и ќе има висок раст. Бидејќи ветувањата на власта не се остварија и се покажаа како лажни, сите тие мали фирми и граѓани сега се заглавени до гуша во кредитите и не можат да ги вратат. Затоа од ден на ден е сé поголем бројот на граѓани кои се разочарани и повеќе не ѝ веруваат на оваа власт – истакна Јовановски. ВМРО ДПМНЕ: Само СДСМ не ја гледа европската криза Македонија е земја која добива позитивни оценки од странски реномирани фактори за своите економски политики, а Зоран Јовановски знае дека резултатот на македонската економија е резултата на глобални економски текови од што последици трпи и нашата земја, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес-конференцијата на потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски. Според ВМРО-ДПМНЕ единствено Зоран Јовановски и СДСМ не ја признаваат економската криза која ја има зафатено Европа и Светот. - Доколку е доблесен ќе признае дека СДСМ постигнуваше многу полоши економски резултати во споредба со останатите држави во време на  економски напредок во Европа и Светот кога сите останати земји бележеа  високи стапки на раст, стои во реакцијата.
Слично

Поврзани вести