Економија, финансии, бизнис

Контакт

Децата со посебни потреби оставени на маргините на општеството

Децата со посебни потреби оставени на маргините на општеството

И покрај законот за инклузија за децата со посебни потреби ретко кога тој се почитува во пракса. Децата со попречености се соочуваат со стигматизација уште од најмали нозе. Бариерата ја чувствуваат уште кога треба да се запишат во градинка, а покрај нив најмногу страдаат и родителите кои се оставени да се снаоѓаат како знаат и умеат.

На вчерашната трибина на тема: “Образование по мерка” беа присутни повеќе родители и деца, кои заедно бараа излез од стигмата и можност за еднаквост во општеството.  12366309_10154548183862699_5797108505233533319_n

Една од присутните беше и мајката на 4-годишната Јана која боледува од церебрална парализа и епилепсија. Оваа мајка веќе со години се бори да најде „место под Сонцето” за нејзиното девојче, кое одбиваат да го примат сите градинки во кои се обратила.

„ Ниту една градинка не сакаше да ја прими мојата ќерка. Од една градинка само ми рекоа дека можат да се грижат за неа 15 минути во денот. Ние зависиме од милоста на учителките дали ќе се согласат да се грижат за децата или не. А јас не можам цело време да сум покрај ќерка ми затоа што морам и да работам за да ја издржувам. Не знам веќе каде да се обратам..” – обидувајќи се да не заплаче, мајката на Јана ја раскажа нивната приказна.

Таа потсети и на најавените тимови од дефектолози кои требаше да ги има во секоја градинка. Мајката на Јана не нашла дефектолог ниту во една од градинките во кои се обратила.

12360163_10154548185987699_5467272916950245096_n

 Ова е првата пречка со која се соочуваат децата со посебни потреби. Но, вистинскиот предизвик е периодот кога треба да тргнат во основно училиште. Тука веќе почнува вистинската стигматизација и дискриминација на децата со посебни потреби.

Дискриминираат и соучениците, и наставниците, а има и родители кои лобираат децата со попречености да се испишат од училиште. Со ваков проблем се соочиле сите кои на вчерашната трибина зборуваа за своите судбини.  Тие укажуваат дека законот за инклузија не се почитува. Посебните програми за децата со попречености, не постојат во училиштата. Овие деца треба сами да се приспособат на образовниот систем, а не тој на нив, како што се предвидува и со законот за инклузија.

12376033_10154548184957699_137461188683639903_n

За да се надмине овој проблем -ѓа Ребека Јанковска-Ристевски од “Здружението Дајте ни крилја” предлага да се прави проценка на способностите и потребите на овие деца пред да седнат во училишните клупи. За тие што не можат да посетуваат настава без помош, таа побара државата да им обезбеди дефектолози кои ќе ги придржуваат во текот на часовите.

Инклузија во образованието не значи само физички да си присутен. Тоа значи да си прифатен и вклучен во опкружувањето еднакво како и останатите. Затоа што на крајот, „детето со развојни потешкотии е дете со посебни потреби, а секое дете со посебни потреби е ДЕТЕ".

Инаку, настанот „Образование по мерка” го организираше универзитетот ФОН во соработка со Ремедика, дружението за деца со посебни потреби - “Дајте ни крилја”, Уни Банка и ВИВА. Универзитетот најави и целосни стипендии за студии за децата со посебни потреби.

Ирена Каревска

Слично

Поврзани вести