Економија, финансии, бизнис

Контакт

Децата од поплавите со нов прибор во училиште

Децата од поплавите со нов прибор во училиште
Настраданите од поплавените подрачја ќе добијат уште едно олеснување, особено родителите кои барем за училишен прибор нема да се грижат. Владата донесе нова мерка која ќе ја спроведува Министерството за образование и наука на стартот на новата учебна година. ucenici
„Обезбедена е компанија која ќе изврши дистрибуција на училишниот прибор во наредните денови до учениците во местата кои беа поплавени. Веќе се комплетираат пакетите соодветно на возраста односно на одделението на учениците. Деновиве очекуваме да заврши финалното доставување на списоците од страна на комисијата и на општинските власти кои треба да ги потврдат. Има ученици кои се во поплавените места но не посетуваат настава во тие училишта. Внимаваме и тие деца да бидат опфатени со оваа мерка и на сите ученици кои беа зафатени од немилиот настан да им биде доделен училишен прибор и ранец“, изјави заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски.
МОН ги очекува податоците и конечниот број на ученици што ќе бидат опфатени со мерката, а кој се движи меѓу 3.500 и 4.000 ученици. Тие следат настава во 14 училишни објекти од кои поголем број се подрачни основни училишта.
Слично

Поврзани вести