Економија, финансии, бизнис

Контакт

Детоил ја купи „ФЗЦ“

Детоил ја купи „ФЗЦ“

Кумановската фирма „Квалитет пром“, стана сопственик на контролниот пакет на акции во фабриката за заварени цевки и профили ФЗЦ “11 Октомври“, пренесува неофицијално “Куманово њус“.

„Квалитет пром“ е фирма ќерка на компанијата „Детоил“ од Куманово, која купила 51 отсто од акциите по цена од 550 денари.

Работниците од новиот сопственик очекуваат да ја рестартира фабриката и да ги подмири обврските кон нив.

“Го поздравуваме новиот сопственик на мнозинство на акции. Очекуваме добра соработка со него, фабриката да работи и нормално сите обврски и долгови, во догледно време да ги плати. Не сме земале неколку плати. Ние ќе работиме, само нека донесе работа“- велат вработените, за „Куманово њус“ .

Вработените се надеваат дека по 1 мај ќе почнат со работа.

Инаку, како што Фактор веќе напиша, „ФЗЦ“ ќе биде еден од партнерите на руската „Стројтранс гас“ во изградбата на гасоводната делница до Клечовце, бизнис вреден 75 милиони долари. Упатените сметаат дека идниот газда на фабриката може да добие вреден капацитет, особено ако се остварат најавите дека оваа и следната година ќе заврши изградбата на фабриката.

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/03/20/fzts-cheka-nov-gazda-a-veke-stana-partner-vo-izgradbata-na-gasovodot/" target="blank" ]ФЗЦ чека нов газда, а веќе стана партнер во изградбата на гасоводот![/button]

Слично

Поврзани вести