ДЕТАЛИ ЗА УЖАСОТ ВО БАТАЈНИЦА - Блаженка била најдена мртва во спалната соба, Чедомир се обесил, таа никогаш не се жалела на сопругот
Чедомир Ј., кој вчера ја убил сопругата Блаженка, а потоа се обесил, ја сретнал сопругата во средно училиште, открија роднините на двојката.
Да потсетиме, кумот на брачната двојка од Батајница алармирал полиција бидејќи ниту Чедомир ниту Блаженка не му одговарале цел ден. Кога полицијата пристигнала во нивната куќа, ја нашла жената мртва во креветот во спалната соба, а сопругот обесен. Како што е утврдено, Чедомир со секира ја убил Блаженка, а потоа се самоубил.
- Се заљубија кога беа деца, се чинеше дека имаат убав и хармоничен брак. Блаженка никогаш не се пожали на него. Тој бил електричар, а таа медицинска сестра на ГАК Народни фронт. Имаа две деца. Сега скоро слвеа полнолетство на ќерката, не знаеме зошто се случи ова, трагедија е“, вели роднина на Блаженка.
Соседите на брачниот пар потврдиле дека во куќата во Батајница живеат осум години.
- И двајцата се бегалци, во Батајница дошле од Краина во Босна. Овде се преселиле пред 10 години, почнале да градат куќа и ја завршиле за две години. Чедомир работел во Германија и сакал да пие - раскажуваат соседите.
Извор: Курир.рс
Фото: Фејсбук
