Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕТАЛИ ЗА СМРТТА НА СЛОВЕНЕЧКИОТ КОНЗУЛ ВО БАЊА ЛУКА: Попладневна прошетка завришла трагично

ДЕТАЛИ ЗА СМРТТА НА СЛОВЕНЕЧКИОТ КОНЗУЛ ВО БАЊА ЛУКА: Попладневна прошетка завришла трагично

Марјан Ристиќ (62), словенечкиот конзул во Бања Лука, загинал кога бил прегазен додека шетал на тротоарот кај мостот Ребровац во Бања Лука, објавуваат боснаките медиуми. Несреќата се случи завчера вечерта кога кон Ристиќ наишол голг управуван од Бањалучанецот Сергеј Миљковиќ (23).

Трагедијата која ја зацрни и Словенија се случи во вторникот во 18.40 часот во Булевар Петра Бојовиќа во Бања Лука.

Очевидци тврделе за медиумите дека повредениот пешак се движел по тротоар кога ненадејно одзади го удрил голфот кој го управувал Миљковиќ, кој од засега непознати причини наеднаш изгубил контрола над возилото.

Наводно, во близина на местото на несреќата се наоѓал лекар, кој се обидел да му помогне на повредениот пешак, но поради тежината на повредите не можел да се спаси.

Исто така, неофицијално се дознава дека по несреќата на возачот му било извршено алкотестирање и било утврдено дека нема алкохол во крвта, а не и е познат на полицијата за кривични дела.

Како што е потврдено за Независне по обдукцијата, во овој случај пресудни биле тешките повреди на главата, кои резултирале со смрт на лице место.


Слично

Поврзани вести