Економија, финансии, бизнис

Контакт

Детали за синоќешната полициска акција во Арачиново

Детали за синоќешната полициска акција во Арачиново

Министерот Спасовски ги демантираше информациите дека вооружена група од Косово влегла во земјава.

Во полициската акција која МВР ја спроведе ноќеска во скопското село Арачиново и во дел од општината Липково, се трагало по мигранти кои нелегално преминувале во Србија. Зголеменото полициско присуство на северната граница се должи поради засилената активност на криумчарските групи.

Ова го изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовки кој негираше дека полицијата вршела претреси по куќи, ниту пак некој бил приведен.

- Во овој период имаме бегалска криза и во рамки на сите овие активности присуството на МВР е зголемено во кумановскиот и во скопскиот регион се со цел да се обезбеди поголема безбедност и стабилност на граѓаните на Република Македонија, истакна Спасовски.

Северниот дел од земјата била точка каде имало најголем број на илегални премини па и затоа МВР го засилила присуството во овој дел.

Слично

Поврзани вести