Детали за несреќата во Белград: Трамвај удри во зграда, 15 повредени, меѓу кои и две деца
Тешка несреќа се случи утрово на аголот од улиците Цара Душана и Книќанинова во белградската населба Дорќол кога трамвајот број 5 излета од шините и удри во излог, при што беа повредени неколку лица, потврди за Euronews Serbia.
Трамвајот се движел по улицата Цара Душана кога, од засега непознати причини, излетал од шините и удрил во зграда на аголот од две улици. Предниот дел од трамвајот, вклучувајќи ја и кабината на возачот, завршил во излогот.
На местото на настанот пристигнала и механизација која ќе се обиде да го извлече трамвајот од зградата и од шините во наредниот период.
Како што за Euronews Serbia беше кажано од Службата за итни случаи, повикот бил примен во 9:32 часот, а на местото на настанот биле испратени пет екипи - четири за возрасни и една за деца.
Единаесет возрасни се повредени, а кај двајца мажи (на возраст од 20 и 60 години) е утврдена сериозна траума. Сите повредени возрасни се пренесени во Ургентниот центар.
Две деца, на возраст од две и 16 години, исто така беа повредени и беа пренесени во Универзитетската детска клиника во Тиршова.
Полициски, амбулантни и противпожарни екипи се на местото на настанот, а истрагата е во тек. На возачите им се препорачува да го избегнуваат овој дел од градот додека не се отстранат трамваите и сообраќајот не се нормализира.
Подоцна медиумите објавија дека бројот на повредени лица се зголемил, согласно најновите податоци 15 луѓе се повредени денеска, меѓу кои и две деца.
Три лица се со тешки повреди, имаат контузии и скршеници, сите повредени се во здравствени установи во главниот град на Србија
Фото: Принтскрин/Фејсбук