Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕТАЛИ ЗА ФИЛМСКИОТ ГРАБЕЖ ВО ТИРАНА: Како разбојници влегле во авионот и однеле 10 милиони евра?!

ДЕТАЛИ ЗА ФИЛМСКИОТ ГРАБЕЖ ВО ТИРАНА: Како разбојници влегле во авионот и однеле 10 милиони евра?!

Албанската полиција на аеродромот во Тирана убила еден од напаѓачите во текот на обидот за грабеж на авионот Австрија ерлајнс кој требало да полета за Виена и ограбиле 10 милиони евра.


Во пукањето е убиен водачот на бандата Адмир Муратај, кој и бил добро познат на полицијата и со дебело криминално досие. Неговите соучесници, изрешетаниот Муратај го фрлиле покрај патот и го продолжиле бегството. Меѓутоа албанската полиција набрзо ги уапсила и останатите четворица разбојници.


Ден после крвавата пресметка семејството го идентификувало телото на ограбувачот во Тирана, каде тоа поминало форензичка експертиза и анализа на отпечатоци од прстите за негова идентификација. Цен Муратај братот на Адмир во солзи  рекол дека за смртта на неговиот брат слушнале на вести. Тој додава дека го убиле соучесниците во грабежот.

-Ќе најдеме кој Адмир го остави на улица. Со помош на полицијата или без неа ние ќе дознаеме кои биле соучесниците и ќе ја задоволиме правдата. Тој не беше водач, водачот е уште жив-рекол Цен.

Инаку Адмир ги полнел насловните после спектакуларното бегство од грчкиот затвор во 2013 година. Од тогаш е во бегство а во меѓувреме направил низа кривични дела.

Да потсетиме, маскирани и вооружени ограбувачи влегле на влезот кој го употребуваат пожарникари, дошле до авионот во кој веќе се качиле патниците, и уфрлениот багаж меѓу кој била и пратката со пари

Сведоци во авионот на линија за Виена, кој бил мета на разбојниците, рекле дека моторите на леталото инаку биле вклучени кога во средината на авионот влегле тројца напаѓачи.

Напаѓачите на персоналот му се заканиле со оружје им им наредиле да легнат на земја, ги земале парите и се пуштиле во бегство.

Полицијата соопштила дека дошло до размена на оган во текот на потрагата на еден од спорените патишта  и дека при таа прилика е убиен Муратај кај кого се најдени автоматско оружје бомба и шаржери.


Слично

Поврзани вести