Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕТАЛИ ЗА АВТОБУСКАТА НЕСРЕЌА: Возачот на полскиот автобус имал 72 години

ДЕТАЛИ ЗА АВТОБУСКАТА НЕСРЕЌА: Возачот на полскиот автобус имал 72 години

Хрватски медиум објави повеќе детали за автобуската несреќа која се случи деновиве. Возачот на полскиот автобус имал 72 години, но не бил пијан. 

Возачот кој изгуби контрола над возилото на автопатот А4 во Хрватска и излета од патот, имал 72 години, дознава ХРТ од свои извори блиски до вараждиснкото обвинителство. Тој сепак не бил под дејство на алкохол или дроги и не боледувал од акутни болести. 

Двајцата возачи на полскиот автобус загинаа во несреќата, потврдија од обвинителството по завршување на обдукцијата. Во вараждинската Општа болница и понатаму се згрижени седум пациенти, а двајца се критични. Во болницата во Чаковец има две жени со тешки повреди, но се стабилни. Во сообраќајната несреќа загинаа 12 луѓе, а 32 се повредени. Сите се полски државјани. По собирањето на сите податоци обвинителството ќе одлучи дали постапката ќе се води во Хрватска или во Полска.

Полскиот портал Факт разговараше со две жени кои се во болница во Загреб. Беата Кричовјак вели дека автобусот го управувале искусни возачи и дека немало никакви индиции дека може да дојде до трагедија.

foto EPA/IVAN AGNEZOVIC

Слично

Поврзани вести