Деспотовски за Фактор: Изгубената доверба меѓу луѓето, главен фактор за економската криза
70 отсто од компаниите во изминатиов период пријавија постоење на барем еден од наведени шест групи на ризици во изготвен прашалник од страна на Фондот за иновации и технолошки развој.
-59 проценти од компаниите предлагаат и очекуваат некаква поддршка од државата за справување со последиците од кризата. Од наведените ризици, убедливо најголем дел од фирмите (околу 60%) пријавиле ризик со пазарот и генерирање на приходи. Нешто помалку пријавиле проблем со финансиските капацитети, па со организацијата на работењето, вели во денешното интервју за Фактор, првиот човек на ФИТР, Јован Деспотовски.
Смета дека најголемиот елемент на економската криза во периодот на пандемијата на коронавирусот е нарушената доверба на луѓето, која од своја страна силно ги определува и одлуките за инвестирање и потрошувачка (пазарот).
-И токму начинот на реакција на државата и политиката ќе влијае врз тоа колку брзо оваа доверба ќе се врати и колку побрзо луѓето, фирмите ќе се вратат на потребите и побарувачката кои реално постојат. Можеби изменети и прилагодени на пост-кризниот период, но дефинитивно постојат и секако не помали по обем, вели Деспотовски.
