Деспотовски: Во С.Македонија влегува најголемата инвестиција од основањето на ТИРЗ до денес
Во Северна Македонија влегува најголемата инвестиција од основањето на ТИРЗ во 2007 години до денес. Ова не е ниту моја, ниту инвестиција на Владата, ова е инвестиција од која корист ќе има секој наш сограѓанин и целата земја, објави Јиован Деспотовски.
„126 милиони евра германски #Гересхајмер избра да вложи во нашата земја. На овој проект работевме изминативе 12 месеци со мојот тим на кој сум особено горд. Новиот концепт на ТИРЗ покажува конкретни резултати и продолжуваме со исто темпо. Нема да се делиме на наши и ваши, да ги делиме инвеститорите според политички гарнитури и влади. Ова денес е историски и заеднички македонски УСПЕХ!“, вели тој.
Слично
