Економија, финансии, бизнис

Контакт

Деспотовски: Три нови инвестиции во Скопје, Штип и Кичево

Деспотовски: Три нови инвестиции во Скопје, Штип и Кичево

Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Јован Деспотовски најави три странски инвестиции во зоните во Скопје, Штип и Кичево. Засега имињата остануваат тајна.

„Владата ги има успешно затворено преговорите со инвеститорите. Обемот на инвестиците е 54 милиони евра. Планираниот број на работни места е 680. Проектираниот вкупен приход кој би го оствариле компаниите за десет години е околу 850 милиони евра“, рече Деспотовски на денешната прес-конференција за презентација на економските активности на ТИРЗ.

Тој додаде дека проекциите покажуваат врачање на 55 милиони евра во буџетот во наредните десет години од страна на овие инвеститори.



Слично

Поврзани вести