Дескоска по протестот на извршителите; Блокирање на сметка не треба да се наградува
Министерката за оравда, Рената Дескоска, по вчерашниот протест на извршителите и нивното затворање на канцелариите, рече дека намалувањето на тарифата за наградување за 70 отсто нема да важи за сите ситуации.
Според министерката, извршителите може да си препуштат голема награда при продажба на недвижен имот доколку успеат во тоа, но не би требало да си присвојуваат награди само ако блокираат нечија сметка во банка.
Дејсвието со кое извршителот испраќа налог за блокирање на сметката до банката не е многу напорен за извршителите да земат дополнителна награда.
- Законот за извршување не ги регулира тарифите, тоа се регулира со посебен законски акт. Пративме еден предлог до Комората на извршители за да видиме што би било реално можно од тоа.. До сега ние направивме една промена на тарифите и таа дава резултати. Ќе го слушнеме мислењето на Комората на извршители, но тоа не е обврзувачко. За блокирање на сметка не е потребен некој посебен труд, рече Дескоска.
Министерката додаде дека оваа мерка се носи по прифаќање на едно од мислењата на движењето „Но Пасаран“.
