Дескоска: Оставките се кај Велјаноски, кога сака нека ги верификува!
Оставките на пратениците од опозицијата се депонирани пред 4 месеци во Собранието, откако претседателот Трајко Велјаноски и власта ги верификуваа нивните мандатите.
-Оставките се кај него и нека престане да се заканува и поставува ултиматуми. Ние пратениците од опозицијата му укажуваме на Велјаноски дека не мора да чека до 8-ми октомври, може кога сака да ги верификува нашите оставки, изјави на денешната прес конференција Рената Дескоска.
Пратениците од опозицијата не ги прифатија пратеничките мандати и не учествуваат во работата на Собранието се додека не се создадат услови за враќање на демократијата и одржување на фер и демократски избори.
Ова се одлуки донесени од највисоките тела на опозициските партии, потенцираат од опозицијата.
