Десетте најголеми потрошувачи на струја во Македонија бараат помош, државата ќе им обезбеди антикризна мерка
До крајот на месецов, односно до 28 септември, државата ќе треба да соопшти мерка з апомош за најголемите потрошувачи на електрична енергија, кои во моментов имаат од четири и шест пати поголеми сметки на слободниот пазар.
По состанокот со министерот за економија Кршеник бектеши, Бранко Азески, претседателот на Стопанската комора на РСМ, наброи дека тоа се Еурникел, Макстил, Титан, Саса, Бучим, Булмак, Либерти, Таб Мак, Дојран Стил итн. . Тие треба да го формилираат барањето за помош до вторник, а потоа Владата ќе одлучи дали ќе го прифати.
Освен што постои опасност за отпуштање на работници, тие според Азевски, не може да се натпреваруваат со своите конкуренти од земји како БИХ и Бугарија кои имаат одвишок на електрична енергија и извезуваат.
„Нивното учество во вкупната потрошувачка е 20 отсто. Мислевме дека е потребна ваква средба за да го видиме нивното мислење. Имаше една многу дорба размена на мислења и ние вршиме припреми за конципирање на пакетот мерки за поддршка на бизнисот, а финишот е 28 септември кога треба да бидат објавени мерките“, рече Азески.
Бектеши најави дека најверојатно до крајот на оваа недела треба да завршат преговорите со Бугарија и Србија за регионална енергетска помош и додаде дека голем број од големите компании доаѓаат од земјите од кои Македонија бара билатерални олеснувања.
„Отворен пазар на снабдување работи согласно принципите на берзата. Има одлука на Владата ниту еден трговец да не може да има поголема цена од 10 отсто во однос на берзата. Правиме напори цените да не бидат помали од HUPX берзата. Затоа, утре во Софија работни групи ќе преговараат за техникалиите со кои ќе се бара таква можност“, најави министерот.
