Економија, финансии, бизнис

Контакт

Десетина милијарди евра загубила Словенија заради корупција

Десетина милијарди евра загубила Словенија заради корупција

Во изминатите дбе децении Словенија изгубила десетина милијарди евра заради корупција, тврди претседателот на Словенечката Антикорупциска комисија Горан Клеменчич. Тој предупредува дека во Словенија нема транспаренстност и механизам на правна држава.

Според ЕК загубата на средсва заради корупција во Европа на годишно ниво е околу 120 милијарди евра.

- Се уште немаме транспарентност и механизам на правна држава, што е единствен начин за ефикасна борба против корупцијата во малите држави и затворени економии, изјави тој за Словенечката телевизија. Додаде дека доаѓањето на власт се сфаќа како можност за располагање со јавни добра и укажа дека наместо државата да има нулта толеранција спрема корупцијата, се уште постои нулта стапка на ризик за оние кои се вмешани во корупција и дека за тоа ќе бидат осудени.

- Студијата од Економскиот факултет во Љубљана покажува дека политички поставени членови на управи и надзорни одбори во државни фирми ја намалуваат бизнис ефикасноста, вели Клеменчич. Како најризични области за корупција се работа на банки и инвестиции во енергетика.

Слично

Поврзани вести