Економија, финансии, бизнис

Контакт

Десетина екс-шефови од претходната власт ја тужат Агенцијата за вработување

Десетина екс-шефови од претходната власт ја тужат Агенцијата за вработување

Адвокатката Сузана Батковска за Алфа ТВ вели дека десетина поранешни раководители на центри на Агенцијата за вработување поднеле тужби против овој орган откако биле прераспределени во декември лани, односно им било оневозможено да останат на функција. Најверојатно биле назначени на функција од претходната власт, иако нивниот правен застапник тоа не го потенцира.

Вели дека од 10 раководители, седум од нив немаат право на жалба што е спротивно на Закон. Според неа, директорите поднеле приговори, кои биле изложени и на малтретирање, измислени дисциплински постапки и незаконито постапување на комисијата за Администрација кон дел од работниците, кои сега на дел им бил изречен отказ.

– Незаконитото работење продолжи со донесување на интервју за полугодишно оценување со тоа што требаше истото да се спроведе до 31 мај 2018, но беа доставени фалсификувани извештаи и истите се поништени кај дел од административците со тоа што за сите нерегуларности се известени Агенција за администрација, министерството за информатика, државниот управен инспекторат, труд и социјала и Владата. Седумте раководители кои беа разместени во декември лани, понеле кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување, пречекорување на овластувањата, но од непознати причини ОЈО Скопје без распит на оштетените, вели меѓу другото за Алфа адвокатката Сузана Батковска.

Вели дека повеќето биле присилени да патуваат и до 100 па и 150 километри од нивното живеење, без притоа да им се платат патни трошоци, или двојно живеење. 



Слично

Поврзани вести