Десетици села се отсечени и без струја - невреме ја погоди Турција
Турција се бори со невреме. Најмалку 5 луѓе загинаа, а три се водат за исчезнати во невремето што го зафати северниот дел на земјата. По исчезнатите се трага со кучиња.
Десетици села се отсечени и се без струја. Има и многу одрони поради обилните дождови. Турскиот брег на Црното Море често се соочува со обилни врнежи од дожд и поплавување.
Во Белгија пак се уништени над илјада куќи, а најмалку 2 луѓе загинаа.
Страотни поплави ја зафатија и Германија, каде се бројат жртви.
Слично
