Десетици косовски специјалци упаднаа во Газиводе, српската војска чека наредба од Вучиќ
Десетици косовски специјалци упаднаа во Центарот за екологија и развој на спортот во Зубин Поток на Косово.
Според некои тврдења, упадот бил извршен и од копно и од езерото.
Српскиот претседател, Александар Вучиќ нареди ставање на комплетната војска на Србија во состојба на највисока борбена готовност.
Наредбата му била пренесена на Генералштабот на Војската на Србија.
Министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ кажа дека српската полиција е во состојба на највисока готовност.
Околу езерото Газиводе сега е тензично, но нема други инциденти, јавуваат српските медиуми.
„Околу нападот на Албанците на северот на Косово и Метохија и апсењата на Србите кои не извршиле никакво кривично дело му наложив на директорот на полицијата сите специјални и посебни единици да ги стави во состојба на највисока готовност“- вели Стефановиќ.
Полицијата ќе ги преземе сите мерки кои државата ќе ги наложи.
Се очекува обраќање на директорот на српската Канцеларија за КиМ, Марко Ѓуриќ во српската влада.
