Економија, финансии, бизнис

Контакт

Десет села се евакуирани, а 800 пожарникари уште се борат со огнот во Словенија

Десет села се евакуирани, а 800 пожарникари уште се борат со огнот во Словенија

Продолжува борбата со пожарите во Словенија. Во словенечкиот регион Крас синоќа околу 800 пожарникари се обидувале да го задржат пожарот под контрола и гаснеле „помали жаришта“.

Поради густиот чад жителите од 10 села превентивно се евакуирани. Денеска ќе се вклучат и 11 хеликоптери, а се очекува во интервенцијата да се вклучи и хрватскиот канадер. Метеоролозите велат дека дожд во регионот на пожарот се очекува следната недела, најверојатно во вторник. На 20 јули пожарот од Италија се прошири и во Словенија. Тоа е најголем пожар досега во Словенија од осамостојуавњето.  Изминатиов период пожари имаше во неколку земји во Европа. 

Слично

Поврзани вести