Десет работи кои мора да ги знаете ако сакате да работите во Германија
Ако сакате да работите во Германија мора да знаете дека за период од 6 месеци ако останувате мора да докажете дека барате работа или дека скоро има шанси да ја добиете.
Тоа ќе го докажете со молби каде што сте конкурирале и одговори од компанијата.
Морате да зборувате германски јазик за да добиете добро работно место.
Мора да пријавите престој штом стигнете, да имате осигурување и документи за направен лекарски преглед. Покрај тоа потребни ви се возачка дозвола, доказ за образование, за работно искуство.
Работа можете да барате уште пред да отидете во Германија, а за оние кои се дел од ЕУ на располагање им е EURES мрежата.Ангажан можете да барате и преку посреднички агенции, но при тоа внимавајте да бидат сериозни агенции.
Ако сте за сезонска работа, во Германија сезонски можете да работите најдолго 6 месеци.
Ако имате понуда за работа, најсигурно е работодавецот да ви даде договор со прецизно утврдени услови за работа и плата.
Ако сакате самостојно да работите во Германија мора да приложите диплома за завршена занаетчиска дејност.
Штом ќе стигнете во Германија, во рок од недела дена морате да си го пријавите престојот.
Кога ќе почнете да работите внимателно прочитајте го договорот за работа, а плата мора да добиете со средина на месецот на сметка во банка.
Ако сте се разболеле, а кај работодавецот работите 6 недели ви следува цела плата.
