Економија, финансии, бизнис

Контакт

Десет компании ќе добијат поддршка за финансирање преку Македонската берза

Десет компании ќе добијат поддршка за финансирање преку Македонската берза

Македонската берза денеска официјално ќе го почне проектот за поттикнување и подготовка на македонски компании за пазарно финансирање. Проектот е поддржан од ЕБРД врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка, а ќе се имплементира од PWC Северна Македонија и PWC Хрватска.

Во рамки на проектот, најмногу десет компании ќе добијат професионална и независна проценка на нивната подготвеност за пристап до пазарот на капитал преку издавање акции или обврзници, ќе учествуваат на специјална лидерска академија и ќе добијат конкретни препораки за понатамошна подготовка за пазарно прибирање финансиски средства.

- Имплементацијата на проектот треба да придонесе за создавање на нови финансиски инструменти и издавачи на Македонската берза, велат од Македонската берза.


Слично

Поврзани вести