Депото за одржување железнички возила се реновира по четири децении
По повеќе од четири децении ќе почне реновирањето на депото за одржување на железнички возила во Македонија, со што вработените ќе имаат модерни услови за работа.
Генералниот директор на МЖ Транспорт АД Скопје, Никола Костов реализира повеќе проекти со кои целосно се менува сликата на компанијата.
„Го промовираме проектот за рехабилитација иреновирање на депото за одржување на железнички возила. Причини за задоволството да биде толку големо е фактот што овие градежни зафати се прават после долg период од точно 43 години од неговото пуштање во работа, и фактот што вработените конечно ќе добијат модерни услови за работа по сите европски стандарди“- вели Костов. Проектот за рехабилитација и реновирање на депото за одржување на железнички возила е дел од проектот за обнова на железничкиот парк на МЖ Транспорт АД Скопје, кој се реализира со помош на Владата со поддршка на Европската банка за обнова и развој. Целиот проект е во вкупна вредност од околу 2 милиона евра. Тој предвидува нова енергетско ефикасна фасада, изградба на целосно нова покривна конструкција, замена на електрична инсталација со монтажа на штедливи лед светилки, комплетно нов под, промена на сите прозори и врати, реновирање на сите простории за вработените, тоалети и други зафати.
Работите треба да завршат за една година.
