Економија, финансии, бизнис

Контакт

Депонијата во Источна Македонија ќе чини над 40 милиони евра?!

Депонијата во Источна Македонија ќе чини над 40 милиони евра?!

Регионалната депонија во Источно-планскиот регион се очекува да чини над 40 милиони евра, во која ќе биде изградена и фабрика за рецеклирање на отпадот и други објекти.

Европски консултанти ќе ја одредат локацијата на регионалната депонија, во која ќе се складира отпадот на 11 општини од Источно-планскиот регион(ИПР).

Претседателот на Советот на градоначалници на ИПР, Тони Тоневски информира дека европските консултанти во наредните 18 месеци ќе ги разгледуваат локациите и ќе одлучат каде ќе биде сместена регионалната депонија.

„Тоа би требало да го каже консултантот односно стручните служби на проектантот да ја одредат локацијата, каде што ќе биде сместена оваа регионална депонија со сите објекти, кои што влегуваат во еден ваков тип на депонии“, рече Тони Тоневски.

Тој појасни дека градоначалниците од Источно планскиот и Свероисточниот плански регион одлучиле депониите да не се градат по пат на јавно-приватно партнерство, туку за целокупниот проект се користат средства од фондовите на ЕУ.

Слично

Поврзани вести