Деновиве бензин и дизел ќе точите по повисоки цени
Во следните седум дена горивата ќе се точат по цени повисоки за половина, односно за денар поскапо.
Ова стана јасно од одлуката на регулаторната комисија која го утврди новиот ценовник кој почна да важи од полноќ.
Тоа значи дека ако возите на автомобил на Еуросупер БС 95 следните седум дена ќе го плаќате поскапо за половина денар или за 67,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава поскапо за денар и ќе чини 70 денари за литар,.
И Еуродизел (Д-ЕV) поскапе за денар и истиот ќе се точи за 62,5 денари по литар.
Екстра лесното масло за домаќинство неделава ќе се продава за 51,5 денари .
Слично
