Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денови на занаетчиство 2013: Малите бизниси се мотор на економијата

Денови на занаетчиство 2013: Малите бизниси се мотор на економијата

Во Старата скопска чаршија се отвори традиционалната манифестација „Денови на занаетчиство 2013 година“.На базарот на домашни ракотворби и оваа година ќе бидат презентирани сите занаети од најстари до најсовремени, како и нивното значење за квалитетот на живеење на граѓаните и што би претставувало човештвото без занаетчиството.

„Занаетчиството заземало значајно место во стопанскиот живот на Скопје и вршело силно влијание врз изгледот на Старата скопска чаршија. Факт е дека денес малите и средни претпријатија и занаетчиството се движечка сила на секоја пазарна економија, бидејќи генерираат вработеност и економски раст. Занаетчиството е гранка, која нуди перспектива за вработување на младите невработени лица и преку проекти поддржани за почнување мали бизниси“, рече раководителот на Секторот за локален економски развој на Град Скопје, Слободан Ќосев.

Пролетниот базар ќе трае до 26 април, до кога сите ќе можат да ги посетат дрвените куќарки пред Домот на занаетчии во Скопската чаршија.

Слично

Поврзани вести