Денеска завршува учебната година а со неа и екстерното тестирање
Денеска е крајот на „маките“ на учениците. Завршува учебната година заедно со неа и екстерното тестирање.
Имено, неколу илјади ученици го полагаат вториот предмет од екстерното тестирање. Предност и во полагањето и во добивањето на резултатите ќе им се даде на осмоодделенците, затоа што уписите за средно започнуваат на 23 јуни.
Тестирањето е следено од страна на 638 набљудувачи, а ќе бидат ангажирани 175 администратори. Активни се и инспекторите на Државниот просветен инспекторат кои го контролираат екстерното тестирање.
Најавена новина следната година ќе биде полагањето на предметот математика како задолжителен предмет.
Слично
