Денеска втора средба на МОН, УКИМ и пленумците
За денеска е закажана втора средба за изготвување нов закон за високо образование, но останува неизвесно како ќе се доближат дијаметрлано спротиставените ставови на студентскиот пленум и министерството за образование.
На средбата ќе учествуваат претставници на министерството за образование, како и министерот Ставрески, Студентскиот и Професорскиот пленум и ректорот на УКИМ, Велимир Стојковски. Како што беше договорено на првата средба работни групи од двете страни треба да изготват анализа на состојбите во рок од 30 дена. Веќе две недели трае прогласената автономна зона на факултетите, каде се бојкотира редовната настава, а студентите сами организираат алтернативни предавања со професорите кои ги поддржуваат.
Слично
