Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денеска во собранието ќе се одржат четири собранисики комисии

Денеска во собранието ќе се одржат четири собранисики комисии

Денеска во собранието на Република Македонија ќе се одржат четири собраниски комисии од кои на дневен ред се Комисијата за европски прашања, Националниот совет за евроинтеграции,  Комисијата за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правната комисија.

Собраниската комисијата за европски прашања и на Националниот совет за евроинтеграции се Националната програма за усвојување на правото на Европската унија, (НПАА) ревизија 2015-2017 година и Наративен преглед на степен на реализација на НПАА, ревизија 2014 за четврт квартал (01.10.2014 – 31.12.2014).

На собраниската комисијата за транспорт и врски и екологија ќе ги разгледа Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија – прво читање, Предлог- одлуката за одобрување на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2015 година, Предлог на законот за прогласување на локалитетот парк-шума Гази Баба за парк на природата – второ читање поднесен од пратениците Олга Најденовска, Талат Џафери, Илија Димовски, Светлана Јакимовска, Александар Николоски, Предлог одлука за одобрување на Финансискиот план на Македонската радио-телевизија за 2015 година, Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за управување со отпадот – прво читање и Годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за 2015 година.

На денешните собраниски седници исто така на дневен ред е и Законодавно-правна комисија Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија – прво читање, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Царинската тарифа во второ читање, предлог законите за водостопанство, за дополнување на Законот за земјоделски задруги, за изменување на Законот за хидрометеролошка дејност, во прво читање.

Слично

Поврзани вести