ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи народен собир во Тетово на кој партијата уште еднаш ќе порача дека нема да дозволат никакви црни сценарија за државата.
Народниот собир во Тетово е закажан за во 13 часот
Народниот собир, владејачката партија ќе го одржи во спортската сала на медицинското училиште „Никола Штејн“.
„Основната и главната порака е дека ВМРO-ДПМНЕ нема да дозволи дестабилизација на Република Македонија и никакви црни сценарија. Во исто време ВМРО-ДПМНЕ останува посветено на евроатланската перспектива, како и на клучните реформи што ги спроведува“, вели Александар Николоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.