Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денеска турскиот суд носи судбоносна одлука за Аја Софија

Денеска турскиот суд носи судбоносна одлука за Аја Софија

Турскиот суд денеска ќе ја донесе одлуката дали да ја претвори Аја Софија во џамија во Истанбул. Државниот совет - највисокото административно тело на Турција - рече дека ќе донесе пресуда во рок од 15 дена, по седницата што траеше само 17 минути во четвртокот.

Изградена во 6 век по нарачка на византискиот император Јустинијан Први, тоаа беше најголемата соборна црква во светот скоро 1.000 години.

Овој храм, кој е дел од светското културно наследство на УНЕСКО, беше претворена во џамија кога Османлиската Империја го окупира градот во 1453 година, но стана музеј во 1930-тите.

Може повторно да стане џамија ако судот го одобри овој потег, а доколку тоа се потврди се очекуваат негативни реакции во западниот свет, а сообено кај православните патријаршии.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повика на оваа промена за време на минатогодишниот предизборен митинг.




Слично

Поврзани вести