Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денеска треба да биде објавен списокот на работодавачи кои не исплатиле плати од државната помош

Денеска треба да биде објавен списокот на работодавачи кои не исплатиле плати од државната помош

Управата за јавни приходи денеска треба да го објави новиот список на претпријатија кои не ја исплатиле ноемвриската плата за своите вработени а добиле државна помош во рамки на четвртиот пакет на економски мерки.

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, рече дека листата на новите неисплаќачи ќе биде доставена до генералниот секретаријат на Владата за да се објави на првиот работен ден во 2021.

Вкупно 351 претпријатие по опомената ја исплатиле платата за месец ноември.  Најмногу работодавачи кои до сега не го направиле тоа се 43 во трговијата на мало, 37 во подготовка на оброци и 22 транспорт во транспортот. По региони, 73 се од Скопје, 21 од Тетово, 10 од Гостивар, итн. Лукаревска потсети дека глобите се од 500 до 10.000 евра во зависност од големината на работодавачот.

Управата за јавни приходи за една недела ќе ги блокира сметките на фирмите кои до сега не ја исплатиле платата на своите вработени а примиле државна помош, најави директорката Сања Лукаревска на денешната прес-конференција.

„За една недела ќе следува блокада на нивните трансакциски сметки и пренос на средствата на вработените лица и на уплатните сметки за јавни приходи“, рече Лукаревска и додаде дека најмногу станува збор за фамилијарни бизниси со еден до пет вработени.


Слично

Поврзани вести