Денеска средношколците од Куманово пак ќе протестираат против полагање математка
Кумановските средношколци денеска со почеток од 14:30 часот пред гимназијата „Гоце Делчев“ Куманово ќе го започнат четвртиот протест на средношколците од македонска и албанска националност.
Барањата им се исти и понатаму тие бараат укинување на законот со кој математика е трет задолжителен предмет за полагање државна матура.
Ученици од 5 средни училишта утре со подршка на ученици од деветто одделение од основните училишта од гимназијата протестот ќе го продолжат кон локалното претставништво на МОН.
На минатиот протест имало околу 1000 средношколци, кои без разлика на националност, вера и култура, бараа промена на законот за средно образование.
Средношколците додаваат дека протестите немаат политичка позадина стои во соопштението.
Слично
