Денеска Собранието ќе ја продолжи 37-та седница
Денеска Собранието на Република Македонија ќе ја продолжи 37. седница на чиј днвен ред се дополнетиот предлог закон за општата управна постапка во второ читање.
На денешните расправи пред пратениците се и предлог законот за изменување на Законот за енергетика по скратена постапка, предлог законот за изменување на законот за шумите во прво читање, како и предлог законот за прогласување на локалитетот парк-шума Гази Баба за парк на природата во прво читање.
На дневен ред се и измените на Законот за внатрешни работи, по скратена постапка, Барањето за давање автентично толкување на член 113 став 2 од Законот за работни односи, поднесено од градоначалникот на Општина Гази Баба, како и Барањето за давање на автентично толкување на член 9 став (5) од Законот за идентификација и регистрација на животните.
