Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денеска сончево, утре локален краткотраен дожд

Денеска сончево, утре локален краткотраен дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне со локален пороен дожд и ретки грмежи.

Ќе дува слаб, во западните делови умерен јужен и југозападен ветер, велат од УХМР. Во Скопје максималната дневна температура ќе биде 24 Целзиусови степени, Кавадарци 25, во Охрид 20, Маврово 15, Битола 22, Дојран 27, Берово 19, Крива Паланка 21.  Утре времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне со локален краткотраен дожд. Дневните температури ќе се движат од 18 до 26 степени.

Задутре времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и температури од 15 до 22 степени. И во среда времето претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Дневните температури ќе бидат од 16 до 23 степени.

Слично

Поврзани вести