Денеска се потпишува договорот за изградба на првиот дел од автопатот Скопје - Блаце
Денеска во Владата ќе се потпише договорот за изградба на првите два километри на автопатот Скопје – Блаце помеѓу ЈП за Државни патишта и операторот Гранит, а присутни ќе бидат и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, како и вицепремиерот Бујар Османи како координатор на проектот.
„Гранит“ минатиот месец официјално беше избран за најповолен понудувач за изведбата на првата фаза од проектот, која што ќе се гради на потегот од граничниот премин „Блаце“ до клучката кај селото Блаце. Покрај „Гранит“, конкурираа и „Бетон“ и бугарската „ИСА 2000“ без поништување на тендерот по изминувањето на рокот за поднесување жалби од останатите понудувачи.
Градежните работи се очекува да започнат на пролет, а апараелно ЈП Државни патишта треба да распише и тендерот за избор на изведувач што ќе ја гради втората фаза од автопатот Скопје – Блаце.
Целокупната траса е долга 12,5 километри а целиот проект треба да чини околу 110 милиони евра.
