Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денеска се отвара ТЕХНОМА 2012

Денеска се отвара ТЕХНОМА 2012
Денеска се отвара меѓународниот саем за металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита – ТЕХНОМА 2012. Саемската манифестација важи за голем промотор на развојот на индустриското стопанство во регионот и го следи напредокот на најновите достигнувања во областа на технологијата, но има за цел и да ја интензивира меѓународната размена. Ќе се претстават околу 60 фирми, од Грција и од Словенија по 15 компании, 20 компании од Хрватска и 10 од Бугарија. Покрај  ТЕХНОМА 2012 се одржуваат и две придружни манифестации,  Саемот на занаетчиство и мало стопанство, како и изложбата на пронајдоци МАКИНОВА. Меѓународниот саем ќе биде отворен до 20-ти октомври.
Слично

Поврзани вести