Денеска се евакуираа 68 куќи во Аспарухово
„Започна евакуацијата на семејствата од настраданите во областа Аспарухово во Варна, рече градоначалникот на градот Иван Портних, пренесуваат бугарските медиуми.
Тој посочи дека веќе има евакуирани семејства, а активностите започнале уште во понеделникот. Се врши евакуација на луѓето од 68 куќи, кои претставуваат или конструктивна опасност, или се во области опасни со свлечишта.
Прегледот на куќите продолжува и постои веројатност бројот на опасните згради да порасне, вели градоначалникот.
Создадени се услови за евакуираните и во општинската база, и во СУПЦ „Д-р Анастасија Железкова“, како и во други домови. Дел од луѓето преферираат да се сместат кај роднини и пријатели.
Денеска претстоеше вонредна седница на Градскиот совет во Варна. Советниците се собираат во врска со катастрофата во населбата Аспарухово, каде поплавите ги однесоа животите на 12 лица.
Советниците ќе донесат одлука за помош на семејствата на загинатите. Ќе се разгледа и предлогот општинските советници да донираат една своја месечна плата за потребите на изнемоштените од регионот, како и да се обезбедат бесплатни прегледи за сите настрадани од поплавите.
