Денеска регулаторна ќе ја намали цената на парното греење?
Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе има седница на која се очекува да се намали цената на парното греење. Според новиот правилник на топлинска енергија, парното секој месец ќе може да поскапува или поевтинува , наместо еднаш годишно како досега.
Поради усогласување со движењето на цената на природниот гас на светските берзи,цените во иднина ќе се корегираат еднаш месечно.
За граѓаните кои се греат преку„Балкан енерџи груп“ од утре парното би требало да поевтини за 13,26 отсто, додека за оние кои ги грее „Скопје Север“ намалувањето изнеусва 14,92 отсто.
Причина за намалувањето, според РКЕ, е намалување на цената на природниот гас кој учествува со 70 отсто во производството на топлинска енергија, а останатите 30 отсто отпаѓаат на мазут.
Слично
