Денеска протест: зошто дозволивме да умре Тамара?!
Во Младинскиот парк во Велес ќе се одржи мирен граѓански протест, во знак на револт од односот на здравствените власти кои дозволија да почине 10 годишната Тамара Димовска.
Мотото на протестот кој ќе почне во Младинскиот парк во центарот на Велес во 12 часот е: „Секое наше дете е Тамара“.
Организаторите на мирниот протест истакнуваат дека сите акции што ги преземаат се во консултација со семејството на малата Тамара.
Инаку и денеска не стивнуваат реакциите.
Првиот човек на Хелтгрупер Владо Лазаревик во колумна за Фактор ги објаснува сите можни последици и начини за справување со вакви случаи, сега и во иднина. Целата колумна на следниот ЛИНК
Слично
