Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денеска протест против поскапувањето на струјата во неколку градови, главниот во Скопје

Денеска протест против поскапувањето на струјата во неколку градови, главниот во Скопје

Денеска ќе се одржи Протесниот марш против поскапувањето на електричната енергија во Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево и Струга, а главниот ќе се одвива во Скопје и ќе започнат во 18 часот, додека оној во Куманово во 14 часот. Централниот во Скопје ќе започне од паркот во Чаир и Жена Парк и ќе се маршира до Влада.

При изразувањето на незадоволството ќе се бара укинување на одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за поскапување на електричната енергија од 7,4 отсто и формирање на тело во Собрание кое ќе ги разгледа и адресира сите жалби на граѓаните кон енергетските компании.

-Регулаторната комисија за енергетика веднаш да ја укине одлуката за поскапување на електричната енергија за 7.4 отсто и да ја намали цената за потрошувачите за 46 отсто. Владата да го намали ДДВ од 18 во 5 отсто, да го елиминира монополот на компанијата ЕВН со укинување на договорот со цел да и се стави крај на нивното некоректно и нечовечко однесување. Да се национализира дистрибутивната мрежа и да создаде олеснителни политики за простување на долгот на социјалните случаи, порача вчера Кренар Османи, еден од водачите на протестот.

Во советот на протестот членуваат повеќе страни меѓу кои е и Конфедерацијата на независните синдикати во Македонија, која повика на масовно присуство на протестот. Ова е втор протест, откако првиот протест се организираше во Чаир, Тетово, Гостивар и Куманово.


Слично

Поврзани вести