Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денеска протест на средношколците низ Македонија

Денеска протест на средношколците низ Македонија

Денеска Средношколците ќе излезат на протестен марш во повеќе градови низ Македонија и ќе кажат стоп за лошите реформи во средното образование. И покрај притисоците од наставниците и родителите, тие ги повикуваат сите да им дадат поддршка.

„Бараме враќање на стариот концепт на матура и мирување на законот за екстерно тестирање. Време е да го отфрлиме туѓото влијание бидејќи образованието ни припаѓа нам“, порачуваат средношколците.

Маршот во Скопје ќе започне на пладне кај фонтаната во Градскиот парк, а ќе заврши пред Министерството за образование. Протести се најавени и во Кочни, Велес и други градови.

Слично

Поврзани вести