Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денеска променливо време-Што не очекува?

Денеска променливо време-Што не очекува?

Денешниот ден ни носи променливо време.

Земјаќи ги предвид информациите на метеопро времето денеска ќе биде диктирано од спуштање на значително постудена воздушна маса која во голема мера ќе ја дестабилизира атмосферата над Балканскиот полуостров, но не и во Македонија.

Денот ќе започне со ведро време, како што ќе продолжи се до рано попладне, кога веќе ќе се појавува облачност која ќе ја наговестува промената. Доцна поладне во северниот крај се очекува развој на нестабилна облачност која релативно бргу ќе се преместува над нашето подрачје, а силниот ветер во повисоките атмосферски слоеви ќе спречи значителен вертикален развој на облаците.

Затоа врнежите кои што се очекуваат во источната половина од земјата поплдне и приквечер иако е можно да имаат локален пороен карактер, истите нема да се задржуваат над иста точка подолго време. Веројаноста за појава на поинтензини атмосферски процеси врзани со нестабилноста се со мала веројатност.

Попладне и навечер ќе дува умерен северен ветер.

Максималната температура ќе има вредности од 30°С и 33°

Скопската околина очекува ведро утро, а попладне и вечер умерено па потоа претежно облачно време. Доцна попладне ќе има услови за повремен и краткотраен дожд, со мала веројатност истиот да биде пороен. Ќе дува умерен северен ветер во втората половина од денот. Температурата ќе достигне максимални 32°С.
Слично

Поврзани вести