Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денеска предизборен молк, утре се гласа за новите градоначалници

Денеска предизборен молк, утре се гласа за новите градоначалници
Кампањата заврши, на полноќ започна предизборен  молк, за во недела да се одржат шестите по ред локални избори во Македонија. Граѓаните ќе гласаат за своите кандидати за градоначалници и општински советници. Според избирачкиот список право на глас имаат 1.749.038 граѓани, од кои 1.686.130 избирачи се во државата, додека 62.908 престојуваат во странство. Гласањето во недела започнува во седум часот наутро, а ќе бидат отворени 2.976 избирачки места. Еден ден претходно, денеска гласаат раселените лица, болните и изнемоштените, армијата и оние кои се наоѓаат во казнено-поправните установи. Локалните избори ќе се одржат во 80 општини во државата и во градот Скопје. Притоа се поднесени 350 листи за градоначалници како и 480 листи за советници на кои се кандидирани  вкупно 8.528 лица. Регуларноста на гласањето ќе ја следат и 8.379 домашни и 410 странски набљудувачи. Првите вакви избори се одржаа во 1990 година, следните во 1996, во 2000, во 2005, а последните во 2009 година.
Слично

Поврзани вести