Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денеска повторно протести

Денеска повторно протести

Протести против одлуката на претседателот Иванов, како и контрапротест на оние кои ја поддржуваат неговата одлука да ги аболицира одговорните за аферата „прислушување“ ќе бидат одржани и денеска во 18 часот.

Од движењето Протестирам велат дека секој ден ќе излегуваат на протести.

После распишаните избори за 5 јуни од страна на претседателот на Собранието, се очекува излезеноста на протести да биде поголема од претходните три дена.

Вељаноски наведе дека верува оти „секој вклучен во изборниот процес ќе допринесе изборите да се одржат во мирна и демократска атмосфера и дека секој на 5 јуни може да го искористи своето право да гласа.

Тој очекува дека изборите ќе се одржат во фер и коректна атмосфера.

Лидерот на СДСМ најави дека опозицијата ќе ги бојкотира и нема да учествува на овие избори.

И се поставува прашањето колку тие избори ќе бидат легитимни без учество на опозициска партија.

Слично

Поврзани вести