Денеска потпишување договор за државна помош со Локо Транс
Денеска Владата ќе потпише договор за државна помош со чешкиот инвеститор Локо Транс од Брно. Договорот ќе го потпишат вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, а договорот ќе го потпишат министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска и сопственикот и извршен директор на Локо Транс, Карел Јалови.
„Локо Транс“ ќе отвори фабрика за шински возила во скопската општина Гази Баба. Се очекува инвестицијата да биде околу 20 милиони евра и во новата фабрика да се вработат 250 лица. Според најавите, во фабриката ќе бидат преземени вработените од велешка „Колска“, а веќе има и голема нарачка од позната железничка компанија.
Оваа компанија е заинтересирана да инвестира во Македонија уште од 2014. Тогаш инвеститорот беше заинтересиран за логистички центар за одржување на товарни возови во Скопје за потребите на железниците на балканскиот регион.
Локо транс пред две години ја започна процедурата за добивање на сертификат за работа со товарни возови во Македонија.
