Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денеска почнуваат разговорите меѓу ММФ и Владата на Србија

Денеска почнуваат разговорите меѓу ММФ и Владата на Србија

Во Народната банка на Србија, со оддржување на пленарна седница, денеска официјално почнуваат двонеделните разговори на делегациите на Владата на Србија и Меѓународниот монетарен фонд за состојбата во јавните финансии во Србија, што се оддржуваат врз основа на членот 4 од Статусот на оваа меѓународна финансиска институција.

Министерот за финансии и економија Млаѓан Динкиќ изјави дека задача на Мисијата на ММФ е да ја оцени состојбата во фискалната и монетарна политика на Србија, напоменувајќи дека овие разговори нема да имаат преговарачки карактер, во смисла на склучување нов финансиски аранжман со Фондот.

-Тоа не значи дека нема и да се разговара за нов аранжман, доколку владата единствено одлучи дека тој е потребен, оцени Динкиќ синоќа во емисија на РТС и додаде дека за новиот аранжман може да стане збор доколку владата процени дека тој може да биде корисен за граѓаните и за економијата.

-Суштината е дека Србија не треба да се прилагоди на ММФ, туку да видиме дали тоа што тие го предлагаат се вклопува во програмата на нашата влада, рече Динкиќ.

Српскиот министер за финансии се согласи дека, доколку Србија склучи аранжман со ММФ, макар и „од претпазливост“, значи без земање кредити, како земја ќе имаме поголем кредитен рејтинг во светот и ќе можеме поевтино да се задолжуваме на странските пазари, со помали камати.

Мисијата на ММФ ќе ја предводи Зузана Мургасова, претходно соопшти канцеларијата на ММФ во Белград.

Слично

Поврзани вести