ДЕНЕСКА ПЕКОЛНО ЖЕШКО: Какво време не чека продолжениот викенд?
Последниот јулски ден ни носи вистински летни горештини.
Високи температури до 38 степени не очекуваат денеска ширум земјава, а ништо посебно нема да се смени и во деновите од новата недела.
УВ-индексот ќе биде многу висок и ќе достигне до 9.
И во главниот град ќе биде вистински пекол. Над 35 степени Целзиусови ќе покажуваат термометрите.
Првите денови од август ќе бидат стабилни и многу топли.
Во понеделник попладне ќе има зголемена облачност и повремено умерен ветер. Во вторник и во среда претежно во попладневните часови повторно ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи и повеќе ветер.
Слично
