Денеска облачно, утре се очекува стабилизирање на времето
Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.
Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно, со локален пороен дожд и грмежи.
Минималната температура ќе се движи од 11 до 17 Целзиусови сепени, а максималната од 24 до 29 степени.
Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 27 Целзиусови степени, Маврово 18, Битола 25, Кавадарци 28, Берово 25, Дојран 29, Охрид 24.
Стабилизирање на времето ќе има од утре со благ пораст на дневните температури.
Времето утре ќе биде сончево со умерена облачност и дневни температури од 24 до 30 степени. Сончевото и топло време со максимални дневни температури до 31 степен ќе се задржи и в среда и четврток.
Изминативе денови имавме врнежливо време.
Слично
